Поплавени се Влада, Собрание, зградата на поранешно СЈО

|

Невремето во Скопје предизвика голем број на штети, а поплави и улици низ градот. Силниот град искрши и шофершајбни на возила во движење низ Скопје. Градот Скопје го свика кризниот штаб.

Но, штети има и во државни институции.

„Пријавени се штети и во државни институции. Така од дирекцијата за заштита и спасување информираат дека поплавени се гаражите на Владата, поплавени се ресторанот и подрумските простории
во Собранието. Регистрирана е поплава и во Министерството за здравство и во поранешното СЈО, како и во МВР“, објави Сител.