Пејачот Жељко Јоксимовиќ пред точно 17 години се натпреваруваше со песната „Лане моје“ на музичкиот натпревар „Евровизија“ во Истанбул, каде го освои второто место.
Србија дефинитивно никогаш нема да заборави дека Руслана е „виновникот“ што тогашниот репрезентативец на Србија и Црна Гора, Жељко Јоксимовиќ остана кус, а го освои само второто место.
Продуцентот и менаџер Саша Мирковиќ откри долго чувана тајна зошто Јоксимовиќ не го освои првото место во тоа време. Како што вели, виновникот е исклучиво самиот Жељко.
– Не е тајна дека во 2004 година бев со Јоксимовиќ во Истанбул, што тој често го истакнува. Жељко не победи на Евровизија од само една причина, затоа што и дозволи на Руслана да не придружува на нашата последна вечер. Само поради таа причина, тоа се двата бода што ги загубивме. Направивме забава во Истанбул, донесовме и трубачи од Врање, бевме најголеми фаворити покрај Руслана. Се мешаше и политиката. Го замолив Жељко да не носи ниту еден од Украинците, тој згреши таму. Да не го направеше тоа, ќе ја земевме победата – изјави Мирковиќ.