Поради пожарот затворени врати на државните институции – граѓаните неможат да извадат документи

|

Управата за водење матични книги е под клуч, а веќе четврти ден вработените седат дома. Нема струја, нема вадење документи.

Пожарот кој избувна во средата зафати две институции. Најмногу настрада Инспекторатот за животна средина каде огнот ја пеплоса целата архива, дел од компјутерската опрема, а опожарени се 6 простории. Уништена е и дел од техничката опрема на МИА каде пожарот зафати 2 канцеларии.

За разлика од државните инситуции, деловните субјекти сместени во истата зграда работеа вообичаено како и пред пожарот. Фирмите функционираа со агрегат.

Граѓаните се исплашени бидејќи ако досега за извод чекаа со недели, поради новонастанатата ситуацијата, без потребните документи можеби ќе останат со месеци.

Тие реагираат дека освен известувањето напишано на лист на влезната врата, нема друг начин на кој може да се информираат.

На веб-страната на Управата за водење на матични книги, послендата објава е од 20.02.2020 година: https://www.uvmk.gov.mk/