Поради одрони прекинат сообраќајот на една магистрала во Македонија

|

Од 14:04 часот на „Јадранска Магистрала“ после првиот тунел, поради одрон на камења на коловозот, сообраќајот е во прекин во двата правци, информираат од Автомотосојузот на Македонија.

Од 13:40 часот на патниот правец А3 Охрид-Ресен, поради сооб раќајна нез года, сообраќајот е во прекин во двата правци.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.