Повторно голем број на санкции за неносење маска и казнети возачи

ИЗВОРНов Лист
|

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 24 санкции, 13 за нерегистрирани возила, 7 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, 17 санкции за користење на мобилен телефон. Изречени се 11 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 54 мерки за непрописно паркирани возила и 51 возило се подигнати со „пајак“ службата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Во текот на изминатото деноноќие (22/23.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 592 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.