ПРЕТЕЖНО СТАБИЛНО И ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО – УСЛОВИ ЗА ПОСЛАБИ ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ УТРЕ НАВЕЧЕР И ВО ТЕКОТ НА НОЌТА КОН НЕДЕЛА

ИЗВОРНов Лист
|

Следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност. Само утре во вечерните часови и во текот на ноќта кон недела локално ќе има нешто повеќе облачност кога ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините.

По одделни котлини особено во претпладневните часови ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Само утре во вечерните и ноќните часови ќе има нешто повеќе облачност кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 11 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.