Претпладне сончево и топло, попладне променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 14.5.2022

ИЗВОРТелма
|

Утре во претпладневните часови ќе се задржи сончево и топло, попладне променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 13°C, а дневната од 20 до 29°C. УВ индексот ќе биде 7.

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!