Пристигнаат првите фотографии од Марс од кинеската сонда, која на 10 февруари треба да слета на „црвената планета“

ИЗВОРНов Лист
|

Кинеската вселенска сонда Tianwen-1, која се движи кон Марс, ја испрати првата снимка од црвената планета, објави Кинеската национална вселенска агенција.

Мисијата е наречена Tianwen-1 во чест на древниот кинески поет кој зборувал за астрономијата.

Сондата е лансирана во јули минатата година, а на Марс би требало да стигне на 10 февруари.

Како што наведува кинеската вселенска агенција, првата фотографија е снимена од 2,2 милиони километри од Марс и ги покажува кањоните во близина на екваторот на Марс – Valles Marineris, потоа големиот кратер Schiaparelli и долината Acidalia Planitia.

Сондата треба да ја анализира атмосферата, површината и со фотографирање да помогне во картографирање на Марс.

Кина со овој прв независен обид на истражување на Марс се надева дека ќе успее да постави сонда во орбитата, да се спушти на планетата и конечно да ја истражи со ровер.