Продолжува периодот на многу топло време со натпросечни температури

ИЗВОРНов Лист
|

Времето денес сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. УВ=9.

Од утре не очекува сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=9.

Ќе продолжи периодот на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. Вдолж Повардарието наместа температурата ќе го надминува 40-тиот степен. Во понеделник ќе дува засилен претежно северен ветер кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите повеќе во северните делови од земјата.