Пронајден подземен тунел на границата меѓу Србија и Унгарија

ИЗВОРНов лист
|

Полицијата во унгарската жупанија Бач-Кишкун откри еден мал подземен тунел кој поминува под граничната ограда меѓу Србија и Унгарија, во близина на местото Качмар.

Новооткриениот тунел е ширина од 50×80 сентиметри, долг е 24 метри и се наоѓа на длабочина од метри под земја. Преминот е откриен за време на редовна контрола на пограничниот појас во овој округ.

Како што се проценува, во правењето на овој тунел вложени се многу време и енергија. Почетокот на трајниот премин се наоѓа на српската страна, а се завршува во унгарската.

На врвот на емигрантската криза во 2015 година Унгарија изгради огради од бодликава жица на својата јужна граница за да го спречи протокот на луѓе, многумина од Блискиот Исток и Азија кои се обидуваа да стигнат до Западна Европа.