ПРОВЕРЕТЕ: Ова е вашиот кармички пат според датумот на раѓање

ИЗВОРНов Лист
|

Природата ве оддарила со толку многу енергија! Единствено што треба да направите, е да се будите рано и да го почнете денот со позитивен став. И да уживате во секој миг од животот. Вашиот кармичен пат е да научите како да ги споделувате вашите чувства и мисли. Насмевнете и се на среќата, не плашете се од неа, не барајте проблеми што не постојат, не ги преувеличувајте оние кои постојат. И се ќе биде во ред со вашиот живот.

20 јануари – 18 февруари: Прочистување

Вие имате брилјантен ум. Креативни сте, имате сјајни идеи кои можат да го сменат светот! Вашата кармична лекција е да научите, дека постојано треба да се усовршувате и да станувате подобри луѓе. Прочистете ја свеста од минатото, од навредите, од насобраниот гнев. Што било, било. Гледајте само напред и ќе успеете. Не вртете се никогаш повеќе назад.

22 декември – 19 јануари: Хаосот на животот е интересен!

Не ти се верува, но се на овој свет си има свое место. Редот е апстрактен поим. И твојата кармичка лекција е тоа да го разбереш. Заборави од време на време на правилата и нормите. Тие те измачуваат многу повеќе отколку што мислиш. Разбери дека ти си тој кој го опредулува ритамот на сопствениот живот. А не општоприфатените правила и норми. Живеј како што ти вели срцето и нема да згрешиш. Срцето ќе ти го покаже твојот вистински пат.

23 ноември – 21 декември: Слушни го внатрешниот глас!

Вие сте родени со многу силен сојузник – вашата интуиција. Ги знаете сите одговори, единствено од вас се бара да си ја научите кармичката лекција. А тоа е, да си го слушате внатрешниот глас. Тоа ќе ви донесе многу среќа, хармонија и успех. Советот е да останувате будни до подоцна во ноќта. Внатрешниот глас, во ситните сати најдобро се слуша.

23 октомври – 22 ноември: Реагирај во точниот момент!

Ти си комплицирана личност. Имаш моќ, самодоверба и успех во се што ќе посакаш. Но постојано нешто ти недостасува, имаш празнина во душата. Твојот проблем е дека се што ќе посакаш, мораш и да го добиеш, без разлика дали тоа навистина ти е потребно и дали навистина го сакаш. Од тука произлегува и душевната болка. Твојата кармичка лекција е да научиш да бидеш среќен со малку, среќен со она што веќе го имаш, а не го забележуваш, бидејќи постојано твојот поглед е насочен во нешто ново и поинтересно.

22 септември – 22 октомври: Реалноста е прекрасна, погледни ја!

Уште сега фрли се што не си го употребил повеќе од година дена. Веднаш ќе го почувствуваш прочистувањето. Многу е тешко да поверуваш во она што ќе ти го кажеме сега, но тоа е вистина! Ти си прекрасна личност, но сеуште ги носиш розовите очила и сега е време да ги извадиш. Живееш во свет каде се е добро и убаво, но тоа ти создава проблеми со луѓето. Во реалноста не се сите добри како тебе, и затоа често те разочаруваат. Твојата кармичка лекција е да научиш да ја гледаш реалноста без розови очила. И тоа ќе ти донесе многу среќа.

22 август – 21 септември: Време е да ја собереш жетвата!

Што и да посакаш, тоа и ќе го добиеш. ти си на овој свет за да ја собереш жетвата од завршената работа. Имаш луда среќа, нели? Само треба да направиш две работи – да научиш да бидеш трпелив и правилно да ја распоредуваш енергијата. Твојата кармичка лекција е – не служи се со агресија, неочекувај другите да се однесуваат како што ти сакаш. Уживај си во животот, не се карај со луѓето и резултатите брзо ќе дојдат сами!

22 јули – 21 август: Смири се!

Прифаќаш многу ангажмани истовремено, забораваш на себе, им помагаш на сите. Доста е! Луѓето можат да се снајдат и без тебе, а кој ќе се погрижи за тебе, додека ти се трудиш да ги исреќиш сите? Твојата кармичка лекција е да научиш дека светот е таков каков што е и дека не треба да се обидуваш да го промениш. Смири се, комуницирај само со луѓе што ти носат позитивна енергија, и научи да ги препознаваш лицемерите кои те искористуваат. Ако ги дистанцираш таквите луѓе од својот живот, ќе бидеш многу посреќен.

21 јуни – 21 јули: Живеј денес!

Вие сте миленици на Судбината. Лошо е што не го сваќате тоа. Се што посакувате, еден ден ќе го добиете. И ќе имате доволно време да уживате во животот. Но важно е да престанете постојано да мислитеза тоа! Вашата кармичка лекција е да научите да живеете од денес за денес. Престанете со мрачните мисли и планирање, така само си наштетувате. Што е ваше ќе си дојде, тоа е вашата судбина.

21 мај – 20 јуни: Бреме е да процветате!

Вечна борба помеѓу умот и срцетот. Раберете дека не мора за се да имате објаснување. Научете како да се помирите со тие две страни во вас кои постојано војуваат. Кога сте на работа, користете го умот. Кога сте дома, слушајте го срцето. Тоа е вашата кармичка лекција – да откриете кога што да слушате. Не внесувајте емоции таму кај што не треба. Ако успеете да го сторите ова, многу брзо ќе блеснете со неверојатните таленти и идеи, кои ги имате.

20 април – 20 мај: Време за растење!

Што му е потребно на убавото цвеќе – вода, светлина, соодветна температура и простор за да расте. Овие услови морате да си ги обезбедите. Важно е вие да растете. Премногу сте преокупирани со мислењето на останатите. Склони сте да го живеете не вашиот живот, туку нивните очекувања за вашиот живот. Тоа е вашата кармичка лекција – научете да го следите своето срце, а не желбите на другите.

19 фебруари – 20 март: Твоите желби на прв план!

Ти си како корава трска која ја удираат ветришта од сите страни. Секој те бара за нешто, за некаква услуга, а ти не откажуваш помош. Се сообразуваш со желбите на сите останати, но не и со твоите. Да не мислиш дека некој ќе ти даде орден за добрина? Твојата кармичка лекција е да научиш да кажеш “Не“ и да се посветиш на твоите желби. Ајде сега тестирај ги сите на кои си им помогнал. Дали и тие ќе го направат истото за тебе?