Уставниот суд го укина член12 од Законот за утврдување на тсратешки партнер со кој се предвидува работниците ангажирани од турско американскиот конзорциум „Бехтел и Енка” за изградба на делниците од Коридорот 8 и Коридодорт 10 ќе може да работат во просек 60 часа неделно.
Уставените судии сметаат дека овој член е штетен за работниците и е во спротивност со Законот за работни односи и со Уставот.
„Уставниот суд донесе одлука за укинување на оспорениот член бидејќи е во спротивност со темелната вредност владеење на правото предвидена во членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, како спротивен на членот 9 според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор, односно дека е во спротивност со членот 32 став 4 од Уставот“
Иницијативите за приспитување на уставноста и законитоста на спорниот член ја поднесоа „Гласен Текстилец“ и „ССМ“ кои денеска не го криеа задоволството од одлуката на Уставниот суд и извојуваната победа.
Во повеќе држави низ светот се воведува праксата за скратена работна недела од 36 часа а кај нас се газат постоечките закони со договор во 4 очи, сметаат од ССМ. Синдикатот нема ништо против ангажирање на странски фирми да работата во Македонија но додаваат дека имаме капацитети и треба да се ценат домашните капацитети и секако работниците.
Од ССМ велат дека е спорно и загрижувачки што овој закон во ваква форма, ги минал сите филтри во државата, односно Владата, премиерот и Собранието и додаваат дека планираат да прават контроли на терен за да не се злоуѕпотребуваат работниците.
Огнен Чанчаревиќ