Работното време од „9 до 5“ сериозно го нарушува вашето здравје

ИЗВОРnovlist.mk
|

Можеби е добра “за џебот“, но канцелариската работа од 9 до 5 во никој случај не е добра за здравјето!

Работата “од 9 до 5“ го зголемува ризикот од висок крвен притисок, утврдија научниците по спроведената студија во Квебек која опфати 3.500 канцелариски работници.

Резултатите од студијата покажаа дека работењето повеќе од 40 часа неделно во вакви услови го зголемува крвниот притисок за две третини!
Вработените кои работеле најмалку 40 часа неделно, имале за 50 проценти поголем ризик за појава на хипертензија во однос на лицата кои работеле 35 часа неделно или помалку. Од друга страна, луѓето кои поминуваат повеќе од 49 часа неделно во канцеларија имаат дури 70 проценти поголем ризик.

Експертите велат дека стресот, недостатокот на сон и надостатокот на физичка активност се главните виновници за тоа бидејќи сето тоа заедно е дополнителен стрес за организмот.

Луѓето со висок крвен притисок се, исто така, изложени на зголемен ризик од инфаркт, срцев удар и заболувања на бубрезите.

Споредено со колегите кои работат помалку од 35 часа неделно, работата подолго од 40 часа го зголемува ризикот од маскирана хипертензија – крвниот притисок е нормален за време на клиничкото тестирање, но е покаќен во остатокот од денот.


Студијата покажа дека луѓето кои работат од 9 до 5 имаат за 66 проценти поголем ризик за појава на трајна хипертензија – состојба кога крвниот притисок е висок во текот на целиот ден.

Ако не се третираат на време и двата вида на хипертензија можат да доведат до срцев или мозочен удар.