Рецепт: Неодоливи празнични кокос топчиња

ИЗВОРНов Лист
|

Ако сте љубител на Рафаело кугли, тогаш овој рецепт ќе ве освои:

Потребни состојки:- 100 гр. кокос;- 300 гр. бело чоколадо;- 150 мл. слатка павлака;- кокос трошки
Подготовка:
1. Чоколадото искршете го на коцки.

2. Загрејте ја слатката павлака до степен на варење, па прелијте преку чоколадото. Мешајте додека чоколадото не се стопи и не се врзе со павлаката.

3. Во смесата со чоколадо и слатка павлака, додадете го кокосот и оставете да се излади на собна температура. Кога ќе биде ладна, ставете ја во ладилник да стои еден час.

4. Потоа, извадете ја и со мала лажица земете од смесата, па со рацете обликувајте мало топче, кое потоа можете да го ставите во сад со кокос. Продолжете додека не ја истрошите смесата.

5. Чувајте ги на студено место. Ако сакате темно чоколадо, тогаш белото заменете го со темно. Постапката за приготвување е идентична, само морате да го прилагодите количеството на слатка павлака. Ако сакате да користите темно чоколадо, користете 300 грама темно чоколадо и 250мл слатка павлака. Во секое топче можете да ставите и по еден бадем, орев или лешник.