Редок фосилизиран скелет пронајден во Тајланд

ИЗВОРНов Лист
|

На почетокот на овој ноември, на 12 километри западно од Бангкок, Тајланд, пронајден е речиси совршено зачуван скелет од редок вид кит, за кој научниците проценуваат дека е стар меѓу 3.000 и 5.000 години. Долг е 12 метри. Научниците веруваат дека станува збор за скелет на кит од реткиот вид брајд.

Тие се надеваат дека ова откритие ќе помогне да се разјасни биолошката разновидност и палеобиолошко-геолошките услови за времето од кое потекнува скелетот, како и сличностите и разликите со брајдовите китови кои постојат денес. Проф. Маркус Чуа од Националниот универзитет во Сингапур за Би-Би-Си изјави дека делумно фосилизираните скелети се вистинска реткост.

Фотографиите споделени од тајландскиот министер за животна средина покажуваат дека коските на китот се речиси недопрени.