На Ријана не и е воопшто лошо под кирија, погледнете зошто

|

Ријана по неколку месеци живеење во Лондон, за да работи на својот нов албум се пресели во луксузен имот „Хемптонс“.

Се смета дека пејачката (32год.) плаќа околу 415,000 УСД месечно за да престојува во 8.900 метри квадратни, имот покрај море. Вилата има пет спални соби, шест бањи и приватен базен.

Пред извесно време Ријана случајно им кажа на своите обожаватели дека живее во Лондон повеќе од една година и рече дека во моментов ужива во анонимноста на животот што ја носи еден голем град.

Привремениот дом на Ријана е како мал остров, сместен помеѓу вода од сите страни а дури има и свое пристаниште за глисери и јахти на кое може да и пристигне достава на брза храна.

Хитмејкерката на љубовни песни може да спие во една до петте спални соби, која исто така може да се пофали со мирна и пригушена шема на бои и елегантен мебел.

Кујната ги има сите вообичаени особености, со лесен и едноставен ефект на дрво, додека просторот дневен престој има кадифена бела гарнитура.

Домот го изнајми агентот на Ријана, Дилан Екхардт, кој изјави за Њујорк пост: „Овој имот ги исполнува сите барања на Ријана“.

Ријана, наводно, оставила депозит како капар еден милион американски долари за домот, кој се наоѓа на полуостровот на површина од два хектари во Хемптонс.

Вилата е исто така опремена со удобности прилагодени на нејзината локација на океанот, вклучувајќи го и приватното пристаниште долго 25 метри.

Ријана ќе има пристап до џет-скии што се изнајмуваат, како и сопствен брод ако сака патување надвор по Атлантикот.

Кога ќе ја напушти вилата во Хемптонс, таа најверојатно ќе се префрли во Малибу до крајот на септември.