Роден под мистериозни околности: Овој хороскопски знак има посебна дарба

ИЗВОРновлист
|

Нивната владеачка планета Нептун е бог на морето, а поврзана е со поствеста, соништата и визиите. Природната куќа која владее со нив е она најдлабокото и најсимболичното во човекот, дванаесеттата куќа па затоа често тие се битија на верата и надежта која ја чувствуваат. Имаат изразена емпатија и добро ги сочувствуваат вибрациите на секој човек.

Тоа е хороскопскиот знак РИБИ!

Живеат во свет исткаен од соништа и фантазија, а во реалноста не се снаоѓаат најдобро. Редовно ги приметуваат нештата кои другите најчесто ги пропуштаат. Рибите не се преокупирани со деталите, туку со целината. Ги краси бујна фантазија, креативност, интуиција, визионерски дух а често поседуваат и некои ретки таленти и способности.

Најдобро работат во мирна и тивка атмосфера, затоа што се што влијае негативно врз нив го преживуваат длабоко. Се изразуваат преку боите, стиховите, танцувачките движења, но често и самите не знаат да ги истакнат и искористат своите способности, затоа што им е потребна помош од некој друг.

Рибите се елемент на водата која во астрологијата ги симболизира чувствата. Рибите се непостојан и променлив знак како Близнаците, Девицата и Стрелецот, што значи дека е многу лесно да ги импресионирате. Владеачката планета Нептун е поврзана со видовитоста, мистицизмот и магијата. Тие се со една нога во сегашноста а со друга во иднината, Рибите се отворени спрема визиите за она што може да се случи. Баш како и рибите во океанот, тие не ја гледаат водата во која пливаат, па често не ни знаат дека се видовити. Нивната несвесност за нивниот дар може да ги издаде.

Рибите можат да сонуваат некои нешта кои подоцна ќе се обвистинат или ќе им укажат на некоја важна случка и така тие препознаваат знаци. Доста луѓе кои се родени во знакот Риби се големи духовници, за нив внатрешниот мир е исклучително важен, и често им се оддаваат на пороците и бегаат од реалноста. Нивното мото е „Јас чувствувам“ и во главно се раководат според она што го претчувствуваат, што е всушност нивната интуиција.