Ручек за 20 минути: Сочно пилешко со зеленчук

ИЗВОРНов Лист
|

Доколку сакате набрзина да зготвите ручек, а да биде и вкусен и богат, тогаш овој рецепт за пилешко е токму она што ви треба.

Потребни состојки: 300 гр пилешко бело месо, 150 гр печурки (шампињони), 100 гр моркови, 3 пиперки (црвена, жолта и зелена), 2 тиквички, сол, бибер, мелен црвен пипер, магдонос, 1 лажичка маслиново масло и 2 лажици сос од домати.

Подготовка: Загрејте го маслото во тефлонска тава, а потоа додадете го месото исечкано на коцки. Пржете кратко, па додајте ги исечканите печурки и моркови. Кога зеленчукот ќе омекне, додајте сечкани пиперки и тиквички. Промешајте сè и кратко динстајте. На крај додајте зачини и сосот од домати.