Сашко Коцев: Ова ми е последна Бубамара, можам да кажам што сакам

|

Вчера во салата Борис Трајковски се одржа 25тата Златна Бубамара на популарноста, што воедно беше и прв настан од овој карактер по 2 годишната пауза од панде мијата.

Главен водител на манифестацијата како и секогаш, беше неповторливиот Сашко Коцев кој во еден момент додека се шегуваше со политичарите кажа дека ова е негова последна Бубамара како водител, па може да каже се што ќе посака.

И додека траеше аплаузот од публиката, актерот се насмевна и додаде дека сето тоа е шега, дека ниту му е во план да си замине од Бубамара, ниту некогаш внимавал, ниту ќе внимава во иднина што и за кого ќе каже нешто во своите стенд ап обраќања.

Ваквата изјава на Сашко уште погласно беше поздравена од страна на публиката со аплауз.

(Н.Ј.)