Невреме се очекува за викендот – Не паркирајте под високи дрвја

ИЗВОРНов Лист
|

УХМР извести дека утре на повеќе места, а во недела претежно во западните делови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

„По најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за појава на интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер за време на викендот ги молиме граѓаните да не ги паркираат своите возила под високите дрвја, со цел да се избегнат несакани последици.

Исто така, доколку забележите паднато дрво можете да го пријавите во Центарот за управување со кризи на телефон 195 или да ни се обратите со директна порака или мејл, за нашите екипи да интервенираат.“ стои во соопштението на ЈП „Паркови и зеленило“.