Се роди Хан: Шехерезад и Онур станаа родители по втор пат

ИЗВОРНов лист
|

Турската актерка Бергузар Корел или попозната како Шехерезад и актерот Халит Ергенч, попознат како Онур, станаа родители по вторпат.

Актерката вчера (09.Март), роди здраво машко дете кое го доби името Хан. Породувањето поминало во најдобар ред, пренесуваат турските медиуми.

Славниот пар е едни од ретките турски актери кои секогаш се расположени да позираат пред медиумите или со фановите, но резервирани се за откривање детали околку приоватноста.

Така што, се до вчера не беше познато кој е полот на бебето кое го очекуваа. Бергузар и Халир нивниот прв син Али го добија пред 9 години.

Бергузар изминатите месеци беше доста присутна на јавни настани, а за едно списание се фотографираше и со голо трудничко стомече.