Секој цвет има некое значење: Некој е добро да го подарите, но некој треба да го избегнувате за подарок

ИЗВОРНов Лист
|

Денот на жената иако помина, треба да знаете кое цвеќе се подарува, а кое не.

Нарцис

Овој цвет означува самољубие, но исто така е и симбол за нов почеток бидејќи е меѓу првите што цвета. Но, бидете внимателни кому му го подарувате овој цвет затоа што може да означува и презир.

Ирис

Симбол на достоинство, инспирација, слава и храброст. Жолтиот ирис означува страст, додека синиот поттикнува среќа.

Зумбули

Знак на верност и стабилност. Ако се сини симболизираат постојаност и континуитет.

Јасмин

Жолтиот јасмин означува елеганција, а останатите бои – посветеност.

Рози

Цветот што најчесто се подарува и во зависност од бојата, има многу значења. Да се ​​подари црвена роза симболизира страст и љубов, иако може да означи и благодарност и задоволство. Белите рози симболизираат чистота, чесност и безгрешност. Жолтите рози може да бидат симбол на радост, но и неверување и љубомора. Розите без трнови може да ја означат љубовта на прв поглед. Кога жената ќе му поради на мажот црвена роза, розата станува симбол на лојалност. Портокаловите рози се симбол на копнеж и маѓепсаност, а виолетовите љубов на прв поглед. Темните, пурпурни рози се знак на желба за посебност и издвојување, додека сините, поради вештачкиот начин за добивање на нивната боја, се симбол на невозможното.

Орхидеја

Значи желбата за успех и посебност. Исто така, симболизира и љубов, убавина, романса и желба за интимност. Таа честопати им се подарува на болните и родилките за да им се посака брзо закрепнување. Исто така, таа ја претставува и желба да успеете во вашата кариера.

Лалиња

Симбол на гордост и слава. Црвените лалиња се поврзуваат со љубовта, а жолтите со безнадежната љубов. Розите значат грижа, виолетовите – достоинство, а белите – збогување.

Кокичиња

Кокичињата значат надеж, напредок и удобност. Кога сакате да му кажете некому да не губи надеж, подарете му кокичиња.

Цвеќиња кои не им се подаруваат на жените

Цвеќињата кои немаат позитивно значење се бегониите кои означуваат црни мисли, лавандата која ја претставува недовербата, далијата што ја означува неизвесноста.