Селин Дион си поиграла со модата: Позирала во прекрасен црвен фустан, но што е тоа што го носи на нозете?

|

Селин Дион одлично се дотерала за божиќната забава во која се појавила во црвен светкав фустан, но она што предизвика лавина коментари се чевлите кои таа ги носела.

Пејачката избрала високи потпетици кои на себе имаат перја во жолта, портокалова и црвена боја и истите требало да ја претставуваат птицата феникс. Меѓутоа, нејзините следбеници на Инстаграм, овие чевли ги потсетиле на две многу шарени кокошки. 

https://www.instagram.com/p/B6QguImnHp2/?utm_source=ig_embed

“Поздрав до Селин и кокошките”, “Зошто побогу носиш кокошки на нозете?”, “Ова е нов моден тренд, пропуштам ли нешто?”, биле некои од коментарите кои се нашле под фотографијата.

“Ова е нешто најбизарно што сум го видела досега”, искоментирала една обожавателка на Дион под објавата.