Шест интересни начини на кои можете да користите кора и семка од авокадо

|

Авокадото стана трендовска храна. Луѓето го јадат за да го зголемат внесувањето на здрави масти во организмот и споделуваат идеи како да се конзумира ова овошје. Сепак, луѓето јадат само еден негов дел, а кората и семките главно се фрлаат. Но тоа не е потребно. Овие два дела на вкусното овошје исто така можат да се користат мудро.

Засади авокадо
Можете да претворите семка од авокадо во прекрасно растение. За да го направите ова, ќе ви требаат три чепкалки за заби, чаша вода и дневна светлина.
Прободете ја семката со чепкалки за заби, така што долниот дел е потопен во вода, а остатокот од семката над површината на водата. Ставете го покрај прозорецот.
Стеблото треба да започне да никнува за само неколку недели. Кога ќе достигне 30 цм, засадете го во почва богата со хранливи материи.

Пијте чај од авокадо
Може да ставите семка од авокадо во вода и да ја варите околу пет минути додека не омекне. Исечете ја на помали парчиња, додајте во вода за чај и варете пет минути. Наводно го подобрува варењето на храната.

Направете прав од авокадо
Оставете ја семката од авокадо на прозорецот на сонце да дехидрира. Ставете ја во процесор за храна и направете прашок што ќе можете да го додадете во смути или салати.

Подгответе смути
Семките од авокадо содржат масни киселини, диетални влакна и некои протеини, како и антиоксиданти. Со нож можете да го поделите на два дела и да го додадете во блендерот каде што го подготвувате смутито со останатите состојки. Најдобро одговара со кокос, манго и слива.

Користете ја кората како компост
Ако имате растенија во вашиот дом, можете да додадете кора во почвата, бидејќи тоа е одличен компост.

Направете бања со кора од авокадо
Можете да додадете кора од авокадо во када полна со вода и нежно да ја триете кожата со нејзината внатрешна страна. Ќе го нахраните телото а пред се кожата со природно масло од авокадо и ќе ги омекнете.