Северина повторно блеска

ИЗВОРновлист
|

Пејачката изгледа совршено. Таа привлекува огромно внимание каде и да прошета.

Северина носи фустан кој одлично стои само на добро оформено тело. Бидејќи таа навистина може да се пофали со совршена фигура, овој фустан е како скроен за неа.

Северина Којиќ (47) на Инстаграм ја објави фотографијата со новиот фустан, на фановите многу им се допадна овој изглед, па следуваа бројни комплименти.

Станува збор за фустан во кафена боја на прерамки во кој Северина изгледаше гламурозно, женствено и перфектно. Пејачката носеше нежна шминка, а изгледот го надополни со хулахопки со интересен дизајн и преубави чизми.