Силен земјотрес ја стресе Грција

|

Силен земјотрес денеска ја погоди Грција, а епицентарот бил недалеку од островот Самос.

Според првичните податоци, првиот земјотрес бил со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, а 14 минути подоцна, во 13 часот и 10 минути е забележан и втор земјотрес со јачина од 5,2 степени. Третиот земјотрес се случил во 13 часот и 19 минути, јавуваат грчките медиуми.

Засега нема информации за материјална штета и повредени.

Епицентарот бил на 14 километри југозападно од Питагора.

Она што загрижува, како што додаваат, е дека вториот земјотрес не бил „афтершок“ бидејќи бил посилен од првиот. Според очевидци, двата земјотреси особено биле почувствувани на островот, каде владеела паника.