Силно невреме го зафати Солун: Издадено предупредување(ВИДЕО)

ИЗВОРНов Лист
|

Силно невреме ги поплави улиците на Солун. Бурата ја следеле и силни грмотевици.На улиците, кога бурата почнала, имало многу луѓе кои се обидувале да пронајдат засолниште под терасите во близина пренесува грчкиот портал “Voria”.

На возилата им било оневозможено минување, па поради тоа сообраќајот е сопрен во поголем дел од градот.

Водата во многу случаи достигнала висина на тротоар, а сопствениците на продавниците се обидувале со метли да ја спречат да продре во објектите.

Грчката хидрометеоролошка служба издала итно известување за влошување на времето и обилни дождови и бури за денеска.

Покрај Солун, големо невреме го зафатило и Халкидики, а врнежите се силни во местото Вурвуру, како и во Пефкохори.

Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.