Сјаен период за соработка со странци, планирање на семејство и подобрување на љубовниот однос – Дневен Хороскоп

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Сјаен период за соработка со странци, за влез во брак, планирање на семејство и подобрување на љубовниот однос. Многумина ви се восхитуваат и во приватниот живот и на работа. Подгответе се да воспоставите добра комуникација со надредените.

Бик (21.04 – 21.05)

Сте станале алчни. Внимавајте како се однесувате кон пријателите. Можно е да дојдете во конфликт со еден од нив и тоа без поголема причина. Денес се чувствувате вознемирено и нема да избирате зборови. Исто така бидете внимателни и кон домашните. Измерете го секој збор пред да го кажете. Дозволете им на луѓето околу вас да имаат свое мислење.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Обидете се да не акумулирате нервоза. Ќе ги забележувате површните и напнатите меѓучовечки односи во својата околина. Би можеле да чуете неповолна работна вест или да страдате од нервоза поради неодговорноста на претпоставената личност. Ќе ви се зголемат обврските во домот и кон семејството.

Рак (22.06 – 22.07)

Премногу сомнежи ви доаѓаат на ум. Ако се продлабочите во нив ќе изгубите време и емоции, а нема да дојдете до никакво практично решение или образложение. Размислете дали вреди, ние ве советуваме да продолжите напред без навраќање.

Лав (23.07 – 22.08)

Повлечете се во себе и пронајдете го најповолниот пат. Се обидувате да пронајдете компензација за незадоволство. Превземете нешто поконкретно. Тргнете во акција. Само така ќе бидете повеќе исполнети и ќе имате повеќе пари. Заштедете некој денар, наскоро ќе се појават некои трошоци што сериозно ќе ве задолжат.

Девица (23.08 – 22.09)

Претставниците на овој знак кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии. Работите брзо можат да се доведат во ред доколку бидете подготвени отворено да го изразите тоа што ве прави незадоволни. Вашата потреба да ги потискате проблемите и да ја прикривате реалноста ќе ви донесе големи проблеми.

Вага (23.09 – 22.10)

Случувањата кои следат на работното поле само ќе ви отворат уште многу можности за напредок. Ќе бидете при крај со силата, но сепак ќе бидете задоволни. Се обидувате реално да ја согледате својата професионална приказна, но ве мачат некои случувања од минатото и повредената гордост.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате сјајна прилика да решите една конфликтна ситуација на мирен начин. Некого ќе го допрете со вашиот став или некој ваш гест. Ќе добиете понуда од Водолија или Овен. Добро размислете пред да прифатите било што.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Чувствувате подготвеност да се впуштите во некој голем и значаен проект, а тој ќе има врска со упорност и способност, но и со комуникации. Сето ова ќе ви биде потребно за да напредувате. Вашиот шеф смета на вас, па затоа немојте да го изневерите. Бидете подготвени за некоја отстапка кон некој член од семејството.

Јарец (22.12 – 20.01)

Надворешните проблеми не се толку тешки за да ве спречат во постигнувањето на вашите цели. Но сепак сметајте на намалена концентрација. Одлично ќе се разбирате со колегите и претпоставените. Во љубовните врски односите се заоструваат, а слободните треба да внимаваат со кого ќе започнат љубовна врска.

Водолија (21.01 – 19.02)

Денов е многу поволен за општествени активности и акции со кои на некого ќе му помогнете. Располагате со енергија и елан, па ќе бидете успешни во тоа што го работите. Финансиската ситуација нема многу да ве радува, но ќе се случи нешто позитивно и ќе дојде до подобрување. Бидете потолерантни со саканата личност.

Риби (20.02 – 20.03)

Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно доколку сте подготвени и кога имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта.