Скриена плажа: Оние кои ќе ја пронајдат, го откриваат “рајот”

|

Сите оние кои планираат за претстојните студени денови да уживаат во топлото Мексико, би требало да ја посетат една од најнеобичните плажи на светот.

Неколку километри од градот Пуерто Валјарта, се наоѓа Националниот парк Острови Маријета. Тоа се два идилични острови кои туристите ги обожуваат, а посебно еден од нив, поради плажите кои тука се наоѓаат. 

Станува збор за острови кои некогаш биле место за воени тестирања бидејќи не се населени. Поради многубројните бомбардирања и експлозии, на островот настанале кратери и некогашните пештери се урнале. Една од пештерите е таканаречената “Скриена плажа” или “Љубовна плажа”.

Тоа е плажа која е покриена од делови од некогашната пештера. Исполнета е со песок и тиркизната вода од океанот. Острови Маријета настанале со подводна вулканска ерупција, што островот го прави привлечен за разни морски животни, кои, откако владата забранила лов и риболов, ги има во изобилство.

Оваа плажа не се гледа од далеку, па доколку не тргнете низ пукнатината низ која водата влегува во некогашната пештера, или доколку не се качите на брдото кое некогаш ја покривало пештерата, нема да знаете каква убавина се наоѓа во рамките на овој наизглед обичен остров.

https://www.instagram.com/p/B5Kn5yOpK5F/?utm_source=ig_embed

Освен уживањето во “затворената плажа”, главна активност на посетителите на овој остров е нуркањето, но и кајакот, иако голем број туристи најголем дел од времето минуваат во барање на идеален агол, за да ја доловат плажата со фотографија.

https://www.instagram.com/p/B37dQGQlmzc/?utm_source=ig_embed