СЛЕДУВА ТОПОЛ БРАН И ТЕМПЕРАТУРИ ПОВИСОКИ ДУРИ ЗА ОКОЛУ 10 СТЕПЕНИ ОД ПРОСЕЧНИТЕ: СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ПРОДОЛЖУВА И ГОЛЕМАТА СУША

ИЗВОРНов Лист
|

Топлотен бран од југ и значително повисоки температури од просечните ќе ја одбележи новата седмица која што ни претстои. Температурите во текот на оваа седмица, повремено ќе бидат дури и за околу десет степени повисоки од нормалните за овој период од годината.

Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, што значи дека ГОЛЕМАТА СУША продолжува и во текот на оваа седмица. Ќе дува и слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Минималните температури во текот на следните денови ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Скопскиот регион, во текот на следните денови температурите исто така ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 33 степени.

ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ: Со оглед на тоа дека и понатаму продолжуваат вистинските летни температури, следните денови и со ЗГОЛЕМЕН ИНТЕНЗИТЕТ – ви препорачуваме МАКСИМАЛНО да ги искористете за прошетки, и секако за одмори (кој може да земе од своето работно место) и плажирање во нашите прекрасни езера.

Ув индексот и понатаму ќе има УМЕРЕНО ВИСОКА вредност (коефициент 6).

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.