СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ СО СТАБИЛНО, СУВО И ТОПЛО ВРЕМЕ – ОД НЕДЕЛА НОВО ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО

ИЗВОРНов Лист
|

Од денес до сабота времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец и истиот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец и истиот повремено ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 27 степени.

Потоа од недела попладне се очекува ново дестабилизирање на времето проследено со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бележат тенденција на мало опаѓање.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.