Снегот ни тропа на врата: Се очекува студ и снег наредните денови

|

Се очекува студ и снег во Македонија. Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во понеделник (на повеќе места ќе наврнат повеќе од 20 л/м2), а поради заладување со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминуваат во снег и на некои пониски места.

На планините и на некои од повисоките места ќе се формира нова снежна покривка. Температурата наутро ќе се движи околу 0 степени или ќе се спушти под нулата.