Со месеци има одрони на овој автопат во Македонија

|

Одроните на автопатот Миладиновци – Штип се уште не се расчистени. Ова е најновиот автопат во државата, пуштен во употреба во 2019-та година.

Веќе со месеци поради големи одрони автопатот е небезбеден за патниците. Одронот од карпи на автопатот кон источниот регион на државата се случи по обилните врнежи од дожд на почетокот на декември минатата година.

Поголеми карпи прекрија половина од коловозот од правецот на Штип, на 10 километри пред Миладиновци, поради што сообраќајот се пренасочува на една коловозна лента во должина од 150 метри.

Фото: Порта3.мк