Со што се да се опреми новиот автомобил?

ИЗВОРНов Лист
|

Автомобилскиот пазар во Македонија во последните неколку години на наше огромно задоволство бележи позитивен тренд и тоа не само кај половните автомобили, туку позитивни и зголемени бројки се гледаат и при купување на нови автомобили.. Добро сега нема да зборуваме за бројките за тоа колку се продаваат нови автомобили туку нашето внимание ќе го дадеме кон она со што се да се опреми новиот автомобил?!

Можеби ви звучи помалку смешно, но верувајте не е така лесно по одбирањето на моделот, да одлучите со што се да го опремите автомобилот, на што се вреди да инвестирате додатни пари, а на што да заштедите. И сето тоа да ви биде корисно за користење долг период или до наредно купување на друг автомобил, исто така на овој начин ќе биде и попривлечлив и за продавање.

1. LED светла (Matrix)
На овие светла неодамна посветивме поголемо внимание од причина што технологијата и напредокот на автомобилските светла во моментов го има достигнато врвот во однос на осветлувањето и на сензорите кои активно ги следат сите пречки пред вас и со тоа самите се приспособуваат на средината со што ви овозможуваат што е можно посветлена средина и без при тоа да пречат на останатите учесници во сообраќајот, но исто така значително помалку енергија
трошат и речиси да не загреваат.. Да се малку поскапи и тоа баш поради тоа што се последен тренд од нивниот развиток, но верувајте вреди!

2. Паркинг сензори и паркинг камера
Сите за себе имаме високо мислење дека сме одлични возачи и тоа е добро, но кога станува збор за паркирање и тоа на вашиот нов автомобил сигурно не сакате да ризикувате и да го изгребете вашиот нов автомобил, па токму и затоа сметаме дека вреди да се инвестира во паркинг сензори.

Да точно да се инвестира бидејќи ако верувате речиси сите брендови паркинг сензорите ги нудат како дополнителна опрема, а со тоа и дополнително наплаќаат за нив, но знаат и да понудат паркинг сензори само за задниот дел, но кога веќе ги ставате и нив во опрема земете паркинг сензори и за напред, бидејќи да бидеме реални ќе ви го олеснат паркирањето и ќе ви го заштитат автомобилот од удари и гребаници! А ако сакате дополнително да го заштитете и да си олесните самите себеси сметаме дека добар избор е и паркинг камерата..

3. Известување за “слепи точки”

По паркинг сензорите, нареден сензор кој ви е неопходен е токму овој за известување на слепите точки при возење.. Знаете во оние моменти додека возите без разлика дали станува збор, во град,
автопат па дури и паркинг, кога до вас имате автомобил, но токму поради “слепата точка” на вашите странични ретровизори неможете да забележите дека всушност на премногу блиско растојание имате автомобил, па ваквите сензори известуваат доколку при престојување или поминување од некоја страна би можело да имате автомобил, а да неможете да го приметите на ретровизор..

4. AEB – автономна кочница

И на оваа тема веќе предходно сме зборувале, и токму поради значењето на овој систем и бенефитот кој го добивате со него сметаме дека треба секој нов автомобил да го има во својата понуда. Поради одредени европски регулативи овој систем се повеќе започнува да се нуди дури и како стандардна опција, сепак сеуште во најголем дел е дополнителна опција. Па зошто вие да го ставите во дополнителна опрема овој систем?! – Бидејќи AEB системот (Систем за автономно
сопирирање во итни случаи) го скенира патот околу автомобилот, преку кои ќе може да забележи автомобили или пешаци, па одкако системот ќе процени дека постои можност за опасност тој прво го предупредува, алармира возачот, па доколку возачот не превземе или доколку не стигне да закочи навремено, тогаш системот ја превзима улогата и тој во целост интервенира – односно системот автономно запира. Имено врз база на досегашните истражувања со помош на овој систем се намалени сообраќајните несреќи за околу 40% проценти…

5. Греачи на предно стакло, волан и седишта

Оваа опција е толку едноставна, а толку потребна што еднаш кога ќе ја имате веќе никогаш повеќе нема да ја заборавите и да не ја одберете повторно. Зошто?! – Многу е едноставно, наместо во оние ладни па и снежни утра наместо да бидете надвор и со гребалката за стакла да чистите, со оваа опција само влезете внатре во автомобилот, пуштете го греачот и за многу кратко време вие веќе имате чисто предно стакло и топли раце Секако во истите тие ладни утра сакате да имате и топол волан и топло седиште, па наместо да чекате да загрее автомобилот и да почне парното/климата да топли, греачите на истите овие места ќе ги обожавате секое ладно утро,
бидејќи ќе ви нудат загреани седишта и волан веднаш во истиот момент!

6. Apple Car Play/Android Auto

По паркинг камерите некако самото по себе си ја влече и другата опција Apple Car Play/Android Auto бидејќи за да можете да ја користите камерата потребен ви е екран на кој ќе можете да гледате – многу нормално нели?! Па кога веќе имате екран многу нормално дека истиот тој екран ќе сакате да го поврзете и со вашиот телефон, бидејќи денес сите ние речиси се што правиме е преку истиот тој телефон, па преку Apple Car Play/Android Auto во зависност од тоа каков телефон користите дури и Google Maps без разлика што на самиот автомобил имате и сателитска навигација, на овој начин веќе подобро знаете да функционирате, побрзо е и поедноставно.

Да на крај ако приметите сите опции се само и само за да ви се олесни на вас секојдневното возење, да имате што е можно полесен пристап, да имате што е можно побезбедно возење, а сето тоа да ви служи на долг рок, но и кога ќе се продава автомобилот сеуште да задржи поголема вредност.