Сојузот на стопански комори: Државата да помогне за да преживее бизнисот

|

Сојузот на стопански комори (ССК), денес излезе со барање до Владата во кое се истакнува потребата од преземање на брзи мерки заради што побрзо закрепнување на економијата. Од таму побараа изготвување протоколи за работа за сите дејности без исклучок, овозможување побрз проток на границите и задржување на постојните или склучување нови договори за извозно ориентираните компании и финансиски пообемна поддршка со претстојниот четврти пакет економски мерки.

Според претседателката на ССК, Данела Арсовска пред средбата со министерот за економија Крешник Бектеши, неопходно е државата да помогне за да преживее бизнисот, посебно фирмите кои во претходните години вложуваа многу.
„Состојбата е влошена, компаниите секојдневно запаѓаат во долгови, а не отпуштија вработени со надеж дека ситуацијата ќе се подбри“ – истакна таа.

Министерот за економија на ова реплицираше, дека од страна на Владата максимално ќе се излезе во пресрет на компаните и веќе се прават проценки кога да се изготви ребелансот на Буџетот, за да се обезбедат средства за четвртиот пакет антикризни мерки.