Сончево и многу топло: Следуваат денови со натпросечно високи температури

ИЗВОРНов Лист
|

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен.