СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА УШТЕ ПОГОЛЕМ СТУД! ЌЕ ИМА И ДОЖД И СНЕГ, А СНЕЖНАТА ГРАНИЦА ИМА УСЛОВИ ДА СЕ СПУШТИ И ПОД 1000 МЕТРИ

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладнево додека попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален слаб дожд претпладнево, додека попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен а повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Потоа утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне и навечер облачноста ќе се зголемува и ќе започнат нови врнежи од дожд а на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ. Во четврток и во петок ќе се задржи облачно и невообичаено студено со ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, каде ќе се формира и снежна покривка. Поради ГОЛЕМОТО ЗАЛАДУВАЊЕ, снежната граница има услови понекаде да се спушти дури и под 1000 м.н.в, а ќе дува и умерен ветер од северен и од северозападен правец кој особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 10 степени, што значи ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината. Престанок на врнежите ќе има за време на викендот.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.