Среќа е да се викаш Елена – името симболизира блескава, сјајна жена

|

Прекрасно име со грчко потекло, од Хелене, Елена, односно изворно од зборот „hele“ што симболизира сончев зрак, светлина, сјајна, блескава, светлост.

Во „Илијада“ на Хомер, прекрасната Елена е причината поради која избувнала Тројанската војна. Според хеленската легенда, Елена пак е името на најубавата жена на светот, ќерката на Зевс.

Во христијанството, најпозната е царицата Елена, сопругата на цар Константин.

Елена е особено често и популарно име во Македонија. Се верува дека жените кои го носат ова име го освојуваат и осветлуваат секој простор каде што ќе се појават, односно зрачат со внатрешна и надворешна убавина.