Среќен ден за овните, пријатно изненадување во љубовта за јарците – Дневен Хороскоп (23.05.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Со помош на пријателите ќе успеете да ја решите деловната ситуација. Нетрпеливи сте во врска со развојот на настаните. Целосно сте задоволни со емотивниот живот. Овој ден ќе ви биде среќен.

Бик (21.04 – 21.05)

Вие сте голем борец и не се откажувате од започнатите работи. Можна е нова и успешна деловна соработка. Мечтаете за некоја врска од минатото или за можноста да се впуштите во тајна авантура со некое лице. Обрнете му внимание на физичкиот изглед.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не ви се препорачува заедничка работа со лицата кои не ги познавате доволно. Лицето со кое сакате да започнете бизнис е прилично неспретно. Љубовниот живот не ви е сјаен, главно поради вашите нервози и прилично хаотичниот живот.

Рак (22.06 – 22.07)

Не оди се според планот и онака како што сте си замислиле. Прилагодете се на дадените околности. Ја немате потребната поддршка од партнерот. Склони сте на бес, нервоза, ироничен став и затоа сте во таква состојба.

Лав (23.07 – 22.08)

Имате нова деловна понуда и поволности кога станува збор за склучување на договори кои се многу важни за вашата иднина. Чувајте ги своите работи кои се вредни, можно е некој да се обиде да ви ги украде.

Девица (23.08 – 22.09)

Денес мудро ќе одиграте. Со својата ангажиранот на деловен план многу лица ќе изненадите. Се наоѓате на почетокот од еден за вас важен период. Успевате кај еден Бик да предизвикате симпатии.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе имате деловна шанса. Можете да очекувате голема поддршка од луѓето со кои не сте толку блиски. Многу сте популарни и имате неколку прилики кога станува збор за вашиот љубовен живот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Одлично ја проценувате ситуацијата, но најверојатно ќе донесете одлука која не ви оди во корист. Водите разговори кои не носат ефекти освен ако не се работи за некои крајно неважни работи. Ќе ја нервирате околината.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не ви се советува да се зближувате со некои лица кои од неодамна ги познавате. Понекогаш сте лаковерни. Ве очекува зближеност во домот и со блиските, а тоа е одличен момент да покажете повеќе чувства.

Јарец (22.12 – 20.01)

На необичен начин се обидувате да ги промените деловните случувања. Можни се пријатни изненадувања во љубовта, особено доколку неодамна сте запознале некоја личност која многу ве интересира.

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате сатисфакција да се покренете себе и да успеете во она што сте го замислиле. Ако бидете истрајни и не дозволите никој да ве провоцира, можете да очекувате успех. Љубовниот живот ви е исклучително напнат.

Риби (20.02 – 20.03)

Го давате својот максимум, а резултати нема. Размислувате за пат во странство или за поголемо ангажирање. Добро се согласувате со огнените знаци, особено кога станува збор за љубовта. Чувајте се од нервози, можна е минлива несоница.