|
Сојузот на синдикати на Македонија објави дека 300 членови на штрајкувачките одбори и синдикалните одбори донеле едногласна одлука за организирање различни форми на притисок со цел да се зголеми минималната плата на 18.000 денари.
Ќе се блокираат фабрики, институции и патишта, велат од ССМ.
Донесена е и одлука за организирање собир пред Собранието на 10 февруари со почеток во 11 часот со општ повик до сите граѓани, работници и синдикати за поддршка на пратениците веднаш да го изгласаат законот за минимална плата од 18.000 денари.