Што ќе се случи ако ископирате банкнота од 50 евра?(ВИДЕО)

ИЗВОРnovlist.mk
|

Јутјуберот со корисничко име Caepa Cool го следат нешто повеќе од 43 илјади луѓе, тој овој пат направил експеримент во кој на луѓето им покажува што се случува доколку се обидат да фотокопираат пари.

За експериментот гористеше банкнота од 50 евра, а резултатите го изненадија и него.


По првиот обид на копирање, фотокопираната банкнота на себе имала бели линии по целата должина.
Објаснувајќи дека сака да провери дали уредот ја препознава банкнотата па поради тоа го блокира копирањето или пак самата банкнота пречи во процесот на копирање, при следниот обид на копирање тој банкнотата ја ставил во карта Уно. На фотокопијата и банкнотата и картата имале бели линии.

Во третиот обид, дел од банкнотата ја покрил со бела лента и конечно успеал да го „излаже“ уредот и да ја ископира банкнотата без линии, но било очигледно дека дел од банкнотата е прекриен со нешто.
Но, доколку сте мислеле дека можете да се збогатите со фотокопирање банкноти тогаш мора да ве разочараме – повеќе од очигледно е дека станува збор за копија, а како изгледало сето тоа погледнете во видеото…