Што треба да направите ако сте се затруле со храна

ИЗВОРНов лист
|

Топлото време е идеално за развивањето и размножувањето на бактерии, па така труењето со храна е заболување кое почесто се појавува во летните горештини.

Доколку сте се затруле со храната, губите многу течности, затоа е важно тоа да се надомести, а доколку симптомите се сериозни задолжително посетете лекар.

Пијте многу вода

Еден човек дневно треба да пие од 8 до 16 чаши вода, но во помали количини повеќепати за да се спречи дехидратација. Ќе знаете дека внесувате доволно вода кога ќе почнете да уринирате нормално, а бојата на урината од темна ќе премине во нормална.

Ѓумбир

Ѓумбирот е одличен за речиси сите проблеми со варењето. Чајот од ѓумбир можете да го испиете пред или по ручекот за да ги олесните проблемите, а другата опција е да изрендате мала лажичка ѓумбир, да ја измешате со мала лажичка мед, и таа комбинација да ја консумирате неколкупати на ден за да ги олесните симптомите.

Јаболков оцет

Тој е речиси неизбежен додаток на некои јадења и одличен препарат за домаќинството, јаболковиот оцет ќе ви ги олесни симптомите на труењето со храната и тоа моментално. Измешајте две лажици оцет со топла вода и консумирајте ја напивката пред оброкот.

Јогурт

Јогуртот има антибактериски својства кои ќе ги смират симптомите предизвикани од труењето, покрај тоа ќе ги олеснат болките во стомакот.

Лимон

Антибактериските, антивирусните и противвоспалителните својства на овој производ сигурно ќе ви ја олеснат состојбата. Додадете неколку зрна шеќер на лажицата полна со лимонов сок три пати на ден за да ви помогне препаратот.