Талат Џафери: Ако нема патни трошоци – да ги укинеме и служените возила на функционерите – па нека се возат сите со тротинет

|

Талат Џафери, Претседателот на Собранието, на денешниот прес со новинарите кажа дека ќе предложи до Владата да се откажат службените возила и секаде да одат со тротинер, доколку Владата достави законски измени за понатамошно кратење на трошоците на пратениците.

Пратениците доаѓаат од различни места во државата и ги претставуваат гласачите од изборните единици од кои доаѓаат. – вели Џафери, па затоа според него треба да се обезбедат нормални услови за работа.

„Таков предлог од Владата не очекувам да добијам, а и да добијам, поединечно не очекувам некој да се откаже од тоа право што е регулирано со Устав. Во случај да добијам таков предлог од Владата, јас ќе поднесам предлог сите да се откажат од службените возила и да одат на работа со тротинет. Па, ќе направиме карикатура од државата. Или ќе правиме држава или ќе си поигруваме со популистички политики кои ни носат дневни поени“,изјави претседателот на Собранието Џафери, очигледно изиритиран од најавените предлог закони на владата со кои би се намалиле средствата предвидени за пратениците.