Тања Савиќ проговори за проблемите со сопругот:„Знам понекогаш да пуштам солза“

|

Најновата песна на Тања Савиќ зборува за сите жени кои претрпеле некаков вид на*илство, а со оглед на тоа што се шпекулираше дека има проблеми во бракот, многумина ги интересираше дали во стиховите од песната има некои приватни и автобиографски сегменти.

Едноставно, се поистоветив со сите жени кои трпат каков било вид насилство. Песната е за сето она што секојдневно го слушам или читам. Веднаш штом ја слушнав песната, знаев дека имам емоција во себе за да ја изведам на некој мој начин. Мислам дека сите треба да се сакаме и да шириме безусловна љубов, само на тој начин ќе го смениме светот“, истакнала пејачката.

Инаку, екипата на „Папарацо лов“ минатата година ја „улови“ Тања како плаче пред својот стан во Белград, а сега пејачката го искоментира и тоа.

Тоа е составен дел од животот на секој поединец. Верувам дека сите имаат несогласувања, ете, јас се занимавам со јавна професија, па тоа им е интересно на медиумите. Јас сум како и сите обични жени кои некогаш знаат да заплачат и да пуштат солза. Тоа не е срамно“, потенцирала пејачката.