Тешка сообраќајна несреќа на патот Ранковце – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

|

Повеќе од 2,5 часа е во прекин сообраќајот на магистралниот пат Ранковце – Крива Паланка, поради тешка сообраќајна незгода.

Тешка сообраќајна несреќа на патот Ранковце – Крива Паланка, сообраќајот во прекин
Од АМСМ соопштуваат дека oд 14:45 часот во целосен прекин е патниот правец Ранковце – Крива Паланка и обратно, поради сообраќајна незгода.

Очевидци кажуваат дека дошло до судир на камион – шлепер со автомобил. Повредени се три лица, кои се пренесени во Кумановската болница, а повеќе од 2 часа се чека на терен да излезе увидна екипа од МВР.

Тоа создало километарски колони на возила во двете насоки кон и од Крива Паланка кон Куманово.