Атиџе и покрај новиот дом едвај чека да им се врати на пчелите во старата куќа

ИЗВОРНов Лист
|

Атиџе Муратова, главниот лик од „Медена земја“ е жената која што ја одбележа минатат годината и ја прослави Македонија ширум светот.

Таа се уште предизвикува интерес во јавноста, главно поради нејзината скромност и непосредност.

Aтиџе Муратова никогаш не патувала со авион, пред да стане главна протагонистка во документарниот филм „Медена земја“, никогаш не престојувала во хотел, никогаш не била во кино.

Моментално таа e во новата куќа во Дурфулија, но вели дека едвај чека да дојде пролетта, па повторно да оди во својата стара куќа во Бекирлија за да биде со своите пчели и природата, за кои вели дека се нејзиниот живот.

– Се преселив овде, во нова средина, се привикнувам на новото место, малку ми е чудно овде, куќата ми ја реновираа, доби и фасада. Ми недостигаат пчелите и кравата мислите ми се таму со нив. Не се откажувам од нив оваа година ги сакав во поголем број но тоа не се случи.  Добив доста помош од многу краишта од Македонија како и Турција, планирам сега и кравата да си ја донесам овде, и ќе засадам неколку дрвца, вели Муратова

Филмот „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, преку несекојдневната животна приказна на Атиџе ја пренесува пораката на жената која живее во симбиоза со природата.

Во една прилика, екипата од „Медена земја“ пред повеќе од три години, ја пронашла во селото Бекирлија, во кое има само неколку жители. Атиџе тогаш живеела со нејзината мајка и уште едно семејство, кои биле нивни соседи.