Тинејџерска со Даунов синдром стана модел на “Gucci”

ИЗВОРНов лист
|

На почетокот на овој месец во „Vogue Italia“ се појавија фотографии на Ели Голдштајн, па за неа се заинтересирал и брендот “Gucci”. Така таа стана нивниот прв модел со Даунов синдром.

Откако „Gucci” објави нејзина фотографија на Инстаграм, набрзо добила повеќе од 800.000 лајкови, а таа бројка расте секоја секунда.

Тие ја ангажираа Ели во кампањата за маскара, а зад неа стои агенцијата „Zebedee Management“, која ги претставува моделите со инвалидитет. Ели со нив потпишала договор пред три години и оттогаш не престануваат да и пристигнуваат ангажмани.

– Навистина уживав да бидам модел и ми се допаѓаше што носев фустан од “Gucci”. Горда сум на фотографиите и би сакала да станам позната. Се радувам и едвај чекам да позирам и за други брендови, изјавила Ели.

И нејзините родители велат дека се горди на својата ќерка, која отсекогаш била самоуверена пред камерата.

– Неверојатно сме горди на Ели и ни се допаднаа сите прекрасни коментари кои луѓето ги напишаа на Инстаграм. Таа секогаш сакаше да биде во центарот на вниманието и пред камерата, така што е прилично самоуверена и со задоволство ги слуша упатствата и правилата, изјави нејзината мајка Ивон.