Трансформација на Цеца: Драстична одлука пред полуфиналето на „Звездите на Гранд“

|

Српската естрадна ѕвезда, Цеца Ражнатовиќ, е многу активна на социјалните мрежи и редовно ги известува своите следбеници со детали од нејзиното секојдневие, но со најновата објава на својот Инстаграм профил, Цеца од фризерски салон ги изненади сите.

Пејачката донесе одлука да промени нешто на себе, па ја промени бојата на косата пред полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“.

Одам меѓу плавушите – напиша Цеца во описот на снимката, а во позадина ја објави песната на Жељко Јоксимовиќ „Дрска жена плава“.