Турција во неверување! Останал без 11 милиони евра на лотарија: Добитникот не се јавил навреме, пропуштил животна шанса

|

Добитникот на премијата на новогодишната лотарија во Турција и не е толку среќен, со оглед на тоа дека не се јавил навреме да ја преземе наградата, па добивката е поништена.

Како што пренесува „Daily Sabah“, добитникот на наградата од 70 милиони турски лири (или повеќе од 11 милиони евра), не се јавил пред рокот кој истекол на 31-ви декември, 2019-та година, во 17:00 часот, па чекот бил вратен во турското министерство за финансии.

Мистериозниот добитник предизвикал голема љубопитност кај турската јавност и стигнал до насловните страници, бидејќи не одговарал на јавните повици да ја подигне наградата, која е извлечена на 31-ви декември 2018-та година.

Според официјалните претставници на турската лотарија, ова е првпат добитникот да не ја подигне премијата. Тие велат дека добитникот повеќе нема право да ја подигне премијата.

Премијата на новогодишната лотарија во Турција за 2019-та година изнесува 80 милиони турски лири (или околу 13,5 милиони евра).