Атиџе Муратова од докуменрниот филм „Медена земја“, изминатиов период имала сериозна повреда на коленото, пишува Женски магазин.
Сузана Турунџиева, нејзината пријателка вели дека Атиџе сега е добра, но поминала многу тежок период, најмногу поради тоа што не можела да им се посвети на пчелите.
– Не е нешто со што треба да се фалам, и немаше ни да споделам ништо, ама многу ми беше криво бидејќи жената непотребно изгуби 2 месеци“, вели Турунџиева која ја раскажа целата приказна.
– Пред 2 месеци од лошо нагазување во Бекирлија, ѝ се случи сериозна повреда со скинати лигаменти, голем оток, ѝ се измести чашката на коленото и имаше неподносливи болки и дење и ноќе. Ја однеле првично во Велес на доктор, виделе дека се скинати лигаменти ама ништо не ѝ препишале освен некој гел против болка.
Нејзе од ден на ден ѝ се влошуваше состојбата и се повеќе и отекуваше, а болките беа неиздржливи, а таа не можеше сама да оди ниту до тоалет, а камо ли до продавница. Најголем немир и тага и предизвикуваше фактот што не може да оди кај пчелите, и тоа токму во период кога се’ насекаде беше расцветано, а сите знаеме нели дека ако пчелите не ги опрашат цвеќињата и дрвцата додека се во полн цвет, лошо ни се пишува нам на луѓето“, раскажа Турунџиева.
Остатокот од текстот прочитајте го на Женски магазин.мк